HomeАктуелноВо Минхен средба на Ковачевски со Петков

Во Минхен средба на Ковачевски со Петков

Премиерите Димитар Ковачевски и Кирил Петков вчера остварија средба на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

На средбата, на која присуствуваа и вицепремиерот за европски прашања Маричиќ и министерот за надворешни работи Османи, беше изразено задоволство од напредокот на билатералната соработка низ активностите на работните групи и конкретните активности за соработка кои произлегоа до сега, соопштија од Владата.

Двајцата премиери најавија интензивирање на соработката и дијалогот и за прашањата за кои треба да се најдат решенија на политичко ниво, во периодот кој следува.

За двете земји и за граѓаните од најголема придобивка е што поскоро да се дојде до квалитетни решенија поддржани и прифатени од двете страни.

Како сојузници во НАТО, премиерите Ковачевски и Петков споделија дека од посебно значење е и безбедносната состојба во регионот на Западен Балкан и Европа и се согласија дека и интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ е фактор за општата безбедност и сигурност, се вели во владиното соопштение.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.