HomeАктуелноВо претрес пронајден кокаин, лишен од слобода дилер

Во претрес пронајден кокаин, лишен од слобода дилер

На 14.01.2024 во 16.20 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес го лишиле од слобода Ј.К.(63) од Велес. При претрес во неговиот дом, извршен со наредба од Основен суд Велес, заедно со полициски службеници со службени кучиња од Единицата за службени кучиња Скопје, бил пронајден и одземен кокаин. Известен бил јавен обвинител, а лицето било приведено во полициска станица.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.