На секција Песочани-Требеништа на км.0+000-км.2+300 и на км.9+000- км.9+940, почнувајќи од 12 октомври ќе се изврши времена измена на сообраќајот, односно пренасочување на сообраќајот со воведување на две девијации, информираат од „Синохидро Корпорејшн Лимитед“-Пекинг, Подружница Скопје, со седиште во село Извор, Кичево.
Во текот на траењето на наведените градежни работи, ќе се преземат потребни мерки за обезбедување и регулирање на сообраќајот согласно сообраќајното решение за времена измена на режимот на сообраќај. По завршување на градежните работи сообраќајот ќе биде повторно вратен во првобитната сообраќајна ситуација, велат во соопштението.
Апелираат за намалена брзина на движење, зголемено внимание и претпазливост на сите учесници во сообраќајот.
