HomeАктуелноВремето денес

Времето денес

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 10 до 14 степени.

Во Скопје променливо облачно, во делови од котлината со услови за повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 13 степени.

 

Во Охрид времето денес променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.

Во петок и сабота, како што информира УХМР, времето ќе биде стабилно, а во недела попладне, во текот на ноќта и во понеделник претпладне се очекуваат врнежи од дожд, а на планините од снег. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер, кој ќе предизвика опаѓање на температурата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.