Под слоганот „Сиромаштијата има женско лице“, а по повод Меѓународниот ден на жената 8 Март, во Скопје се одржува шестиот Марш за женски права. Негирањето на женските права, дискриминација и насилство, помало учество во политиката и на раководните функции, помали плати за исти работни места, повеќе неформална и неплатена работа, се дел од работите со кои и денес се соочуваат жените.