HomeАктуелноГолема акциска контрола на МВР, 262 сообраќајни прекршоци, 6 приведени

Голема акциска контрола на МВР, 262 сообраќајни прекршоци, 6 приведени

Полицијата во Скопје синоќа евидентирала 262 сообраќајни прекршоци. Изречени се 102 санкции за возачи на мотоцикли, а шестмина се приведени.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за неносење возачка или сообраќајна дозвола, неистакнати таблици, минување на црвено…

Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.