HomeАктуелноГолема полициска акција во Битола

Голема полициска акција во Битола

 

Денеска (20.02.2022) во периодот од 01.30 до 04.30 часот полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при МВР во координација со Државниот пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи и Државниот инспекторат за труд спроведоа акциска контрола во четири ноќни клубови и кабареа во Битола. При тоа, во два ноќни клуба е пронајдена дрога (прашкаста материја и марихуана) и ќе бидат поднесени кривични пријави по член 215 од Кривичниот законик, едно лице употребило лажен ковид сертификат и за тоа ќе следува соодветна кривична пријава, а до надлежното обвинителство ќе биде поднесен поднесок и против сопственик на објект кој упатувал закани кон полициските службеници и инспекциските служби. Исто така ќе следат соодветни поднесоци и затоа што во ноќен клуб е затекнат малолетник по 24 часот, а биле констатирани прекршоци и по законот за пушење. 42 лица биле пуштени во четирите угостителски објекти без да поседуваат ковид сертификат и тие се запечатени од страна на Државниот пазарен инспекторат и ќе следат соодветни поднесоци. Исто така, констатирани се и случаи на неиздавање на фискална сметка, а од страна на Државниот инспекторат за труд се констатирани 27 прекршоци за работење без договор за вработување. Акциските контроли продолжуваат и во наредниот период.

 

Извор:МВР

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.