Тој се бореше со рак на слепото црево
На 42-годишна возраст почина мексиканскиот актер Адан Канто.
Актерот накратко се бореше со рак на слепо црево, но за жал ја загуби битката во понеделникот на 8 јануари, пишува Variety.
Канто е роден во Мексико, пораснал во Тексас и рано ја започнал својата музичка, а потоа и актерска кариера.
Неговата најзабележителна улога беше во „Икс-мен“.
