HomeАктуелноГолем пожар во околината на Прешево, вонредна состојба во четири села

Голем пожар во околината на Прешево, вонредна состојба во четири села

Голем пожар избувна во близина на Прешево, во атарите на селата Црнотинце, Рајинце, Горња и Доња Шушаја. Горат 50 хектари борова шума, а пожарот е видлив и во Куманово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Општина Прешево прогласи вонредна состојба на таа територија. Противпожарни и спасувачки екипи се на терен, но не можат да го изгаснат пожарот. Во близина има стари населени објекти, но населението не е загрозено.

Во гаснењето на пожарот учествуваат голем број селани, загрижени се бидејќи пожарот се приближува до куќите.

Општината се обратила до Штабот за вонредни ситуации на областа Пчињ барајќи помош од авиони за гаснење на пожарот, бидејќи пожарникарите не можат да се борат со огнот.

Пожарот е видлив од автопатот и од граничниот премин Прешево, а пепел паѓа врз автомобилите на тој дел од автопатот.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.