HomeАктуелноГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ОХРИДСКО – КОЈ Е ПОДГОТВЕН, НЕКА СЕ ПРИКЛУЧИ ДА ПОМОГНЕ АПЕЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ОХРИДСКО – КОЈ Е ПОДГОТВЕН, НЕКА СЕ ПРИКЛУЧИ ДА ПОМОГНЕ АПЕЛИРА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ

Штабот за заштита и спасување при Општина Охрид, вечерва одржа состанок во проширен состав согласно кризната состојба настаната од пожарите кои се активни на територија на Општина Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од страна на надлежните беше презентирана состојбата со активните пожари. Во текот на денешниот ден интервенирено е од страна на Територијалната против пожарна единица од Охрид, Национални шуми, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување како и волонтери кои се пријавиле да помогнат со гасењето на пожарите. Исто така денес на помош дејствуваја и три Ер трактори кои неколку часа истураа вода над пожарите.
За утрешниот ден дополнително на помош се вклучуваат и општинските јавни препријатија со луѓе, механизација и логистика, кои заедно со сите останати институции во организирана акција ќе се пристапи кон справување со пожарите. И за утрешниот ден согласно потребите се ставени на располагање авионите за гасење пожар.

”Упатувам апел до сите оние кои се чувствуваат подготвени да помогнат во справувањето со огнената стихија утре изутрина во 4:30 часот соодветно опремени да бидат во кругот на Територијалната против пожарна едница – Охрид , каде задено со претставниците на институции координирано ќе се упатат кон критичните точки за гасење на пожарите”, стои во објавата на градоначалникот на општина Охрид, Кирил Пецаков

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.