HomeАктуелноГрадоначалникот со порака за 23 Октомври: Да ги чуваме идентитетот, историјата и традицијата

Градоначалникот со порака за 23 Октомври: Да ги чуваме идентитетот, историјата и традицијата

Со длабока почит и гордост денес го одбележуваме 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, ден кој е симбол на вековниот копнеж, пркосот и непоколебливата волја на македонскиот народ за слобода, правда и сопствена државотворност, истакна градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, во празничната честитка.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тој потсетува дека пред повеќе од еден век шестмина визионери го поставиле темелот на организираната борба, од која низ историските премрежја се развивала идејата за слободна, самостојна и независна Македонија.

Пецаков посочува дека Охрид, како лулка на македонската писменост, духовност и култура, отсекогаш имал посебно место во македонската историска епопеја, а вредностите и храброста на предците се дел од колективната меморија на градот.

Денес, борбата на нашата генерација е поинаква, но исто толку важна. Се бориме со знаење, труд, чесност и посветеност. Наша должност е да градиме модерен, развиен и европски Охрид, град во кој младите ја гледаат својата иднина на дедовината, а постарите живеат во достоинство и мир. Почитта кон минатото ја докажуваме со дела во сегашноста, порачува Пецаков.

Во честитката градоначалникот повикува на зачувување на идентитетот, историјата и традицијата, како и на единство пред предизвиците и заедничко градење подобра иднина за Охрид и Македонија.
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.