HomeАктуелноГраѓаните понудија предлози за подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите.

Граѓаните понудија предлози за подобрување на транспарентноста и отчетноста на институциите.

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информации од јавен карактер пред извесно време на социјалните мрежи објави повик до граѓаните, со свои предлози, сугестии и искуства, да помогнат за подобрување на пристапот до информациите од јавен карактер и остварување на подобра комуникација со Имателите, а во насока на градење на потранспарентно општество. Оваа заложба на Агенцијата, наиде на разбирање и поддршка кај голем број граѓани кои испраќаа пораки, коментираа и споделуваа свои искуства и предлози, а истите се објавени и на Фејсбук страната на Агенцијата.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Како најинвентивен и корисен, беше оценет предлогот кој го сподели Иван Дургутов, според кого, креирањето на мобилна апликација несомнено ќе ја олесни и забрза комуникацијата со имателите на информации од јавен карактер, што пак ќе придонесе и за градење на потранспарентно општество.

Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер денеска му се заблагодари на младиот Дургутов за неговото учество и придонес во градење потранспарентно општество.

Извор: Агенцијата за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.