HomeАктуелноГрковска-Коп: Холандската поддршка за исполнување на евроинтеграциите на Северна Македонија е континуирана.

Грковска-Коп: Холандската поддршка за исполнување на евроинтеграциите на Северна Македонија е континуирана.

Заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска во својот кабинет го прими амбасадорот на Кралството Холандија во нашата земја, Дирк Јан Коп.

Упатувајќи ѝ честитки за мандатот, амбасадорот Коп истакна дека Холандија е еднакво важен партнер на Северна Македонија во НАТО и останува посветен поддржувач на напорите на земјата за интеграција во Европската Унија.

Вицепремиерката Грковска оцени дека Холандија е еден од најголемите билатерални донатори и подвлече дека во наредниот период останува посветена на реализацијата на активностите, меѓу кои како основна база се отчетноста, чесното работење, антикорупцијата и владеењето на правото, како основни и напредни принципи на добро управување и како основа на политиките на оваа Влада.

Соговорниците ја истакнаа волјата за продолжување на континуираната повеќегодишна соработка во насока на надградба на Планот за борба против корупцијата, вклучително со особена посветеност на дигитализацијата, независното и ефикасно правосудство и професионализацијата на надлежните институции и спроведување на мерки и активности за унапредување на доброто владеење и јакнење на културата на интегритет.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.