Со овие измени во Кривичниот законик невозможно е Никола Груевски да се врати слободен во Северна Македонија, бидејќи според вицепремиерот Артан Груби, влијанието на изменетите членови од Кривичниот законик врз обвиненијата на поранешниот премиер, е многу мало.
„Никола Груевски со овие измени во Кривичниот законик не може ни да сонува да се врати во Северна Македонија“, рече Груби синоќа во Клан дебата.
