– Министерството за здравство на Израел денеска објави дека во земјата се откриени два случаи на зараза со досега непознат сој на коронавирусот.
Новиот сој е комбинација на доминантната омикрон подсој БA.1 и друг подсој БA.2, кој предизвикува благи симптоми, без покачена телесна температура, со болки во мускулите и главоболки и не бара посебен третман.
Според израелското Министерство за здравство, овој сој сè уште не е познат во светот, а откриен е со ПЦР тестирање на патниците на меѓународниот аеродром Бен Гурион, Тел Авив.
Од почетокот на пандемијата во Израел починале 10.401 лице.