Две лица тешко повредени во сообраќајна несреќа кај Подмолје.
На 12.02.2022 во 10.10 часот, на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај с.Подмолје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патнички возила „опел“, управуван од 66 годишно лице од с.Требеништа, Општина Дебрца и „мерцедес“, управуван од 32 годишно лице од Охрид, двете со охридски регистарски ознаки. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на возилото „мерцедес“ и 61 годишниот сопатник во возилото „опел“ од с.Требеништа, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид, информираат од МВР.