HomeАктуелноДве малолетни лица нападнале друга малолетничка во угостителски објект, тепачка на „Кеј Македонија“, акциска за алкохол – Билтен СВР Охрид

Две малолетни лица нападнале друга малолетничка во угостителски објект, тепачка на „Кеј Македонија“, акциска за алкохол – Билтен СВР Охрид

На 26.05.2024 година во 00.30 часот, во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на улицата „Св.Климент Охридски” во Охрид, две малолетни лица физички нападнале малолетничка со која седеле на иста маса во објектот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот по што ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

На 26.05.2024 година во 01.15 часот, пред угостителски објект на кеј „Македонија” во Охрид, Б.Т. физички го нападнал А.Б.(66), двајцата од Охрид. Против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од СВР Охрид.

На 25/26.05.2024 година од 23 до 04 часот, при извршени сообраќајни контроли во Охрид, полициските службеници затекнале 5 возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол. Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.