HomeАктуелноДенеска завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Денеска завршува обврската за поседување зимска опрема во возилата

Денеска завршува обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилатa, без оглед на моменталната временска состојба, информираат од Автомотосојузот на Република Македонија (АМСМ).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Согласно одредбите утврдени во Правилникот за задолжителна опрема на возилата, учесниците во сообраќајот, се должни во периодот од 15-ти ноември до 15-ти март покрај останатата опрема да ја поседуваат и пропишаната зимска опрема.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово-Велес, Маврово-Дебар-Струга, Виница-Берово и Кочани-Делчево.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.