HomeАктуелноДенеска почнува Велигденскиот пост, ќе трае до 12 април – првите три дена само на вода

Денеска почнува Велигденскиот пост, ќе трае до 12 април – првите три дена само на вода

За православните верници од денеска започнува Велигденскиот пост што ќе трае седум седмици до празникот Воскресение Христово – Велигден, кој годинава се прославува на 12 април.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Велигденски пост, што завршува на Велигден значи подготовка на душата и телото за Великиот празник. Постот нема свој постојан датум, туку зависи од определениот датум на Велигден.

Строгиот пост предвидува постење на вода, освен во сабота и недела, кога се дозволува масло и вино. Масло и вино се допушта и на празниците: Упокоение на свети Кирил Солунски, Наоѓање на главата на свети Јован Крстител, свети Агатангел Битолски, Младенци Собор на свети архангел Гаврил, света Лидија Македонска, Упокение на свети Методиј Солунски и на домашен празник. Масло се допушта и на „преполовение“ на постот и на Велики четврток заради Тајната вечера.

Риба се јаде само на Благовец и на Цветници.

Првите три дана – тримери (понеделник, вторник и среда) не јадат ништо, оние што доброволно одлучиле да не јадат, а не е обврска за сите.

Велигденскиот пост е најстрогата форма на постење. А постот значи воздржување телесно и духовно: воздржување од мрсна храна и од гревовност.

За време на постот не се прават свадби, ниту се дозволува венчавање.

Првпат Велигденски пост се спомнува на крајот од II век. Тој траел само три дена и сите верници постеле. Така се постело во III век, во „спомен на Христовите страдања“, а к он крајот на III век, во Сирија се спомнува Велигденски пост којшто траел една седмица. Во средината на IV век, веќе се спомнува Велигденски пост од 40 дена. Дури во V век е оформен сегашниов Велигденски пост – Велика Четириесетница.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.