HomeАктуелноДенеска се празнуваат Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

Денеска се празнуваат Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски

На денешен ден православната црква ги слави Светите Александар, Јован и Павле, патријарси Цариградски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Александар учествувал на Првиот вселенски собор во Никеја, наместо престарениот патријарх Митрофан, когошто потоа го наследил. Кога некои философи сакале да се препираат со него за верата, на едниот од нив му рекол: „Во името на мојот Господ Исус Христос ти заповедам да замолкнеш!“ И во тој миг философот онемел. Со својата молитва и на Ариј тој му го прекинал животот. Се упокоил на возраст од деведесет и осум години, во 340 година. Свети Јован Постник управувал со Црквата во времето на злиот цар Анастасиј, еретик акефалит. Се упокоил во 595 година. Свети Павле IV управувал со Црквата пет години и осум месеци. Од престолот се одрекол откако тајно примил схима, за да се покае за гревот што најпрво се согласил со иконоборците. Му бил претходник на големиот Тарасиј и се упокоил во времето на Ирина и Константин, во 784 година.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.