Зимата на северната хемисфера за Земјата календарски почна денес во 16 часот и 59 минути. Во исто време на јужната земјина полутопка започна летото.
Денес е краткоденица, односно деноноќието во годината кога денот е најкраток, а ноќта е најдолга. Краткоденицата го означува преодот на годишните времиња од есен кон зима на сверната Земјина полутопла односно од пролет кон лето на Јужната полутопка.
Денешниот ден ќе трае 8 часа и 47 минути, а ноќта 15 часа и 13 минути. Зимата ќе трае до 20 март.