Христос се роди! Честит Божик на сите православни верници кои денеска го прославуваат најрадосниот христијански празник.
Македoнските православни верници вчера го прославија Бадник, а денеска го слават Христовото раѓање со традиционалната честитка: Христос се роди! – Навистина се роди! Во сите храмови на Македонската православна црква утринава со биење на камбаните и со литургии се најавува доаѓањето и прославата на Божик. Втора година по ред, Божик се слави во поинакви услови поради пандемијата на коронавирусот.