HomeАктуелноДесетици загинати украински војници, што се случува во моментов во Украина?

Десетици загинати украински војници, што се случува во моментов во Украина?

Веќе 12 часа Русија од воздух и копно изведува голема воена офанзива во Украина.. Киев ги потврди и првите жртви, изразени во неколку десетици војници.. Руските трупи брзо напредуваат од исток, а попладнево е заземен и аеродромот Антонов, близу Киев.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Светот од денеска живее во нова реалност по руската инвазија на Украина. Нападот кој рано утринава започна од три страни се заканува да заврши токму во украинскиот главен град Киев. Експлозии веќе се слушаат и во Киев, а над небото според информациите се водат и воздушни дуели

Покрај од воздух, руските сили во Украина навлегоа од три правци, матичната територија, од Белорусија и од анектираниот Кримски полуостров.

Токму на југот од Украина, излегоа и првите видео снимки од освоени украински градови во околината на градот Керсон, а на кои може да се забележи како се поставува руското знаме на околните згради. Во пресрет на инвазијата пак, рускиот претседател Путин упати и предупредување кон било која држава да не помислува да и помогне на Украина.

„Донесов одлука да се изведе специјална воена операција. Секој кој ќе се обиде да се вмеша или ќе се закани кон нашата земја или нашиот народ, треба да знае дека рускиот одговор ќе биде брз и ќе води кон последици какви што никогаш не сте доживеале претходно. “

И додека медиумите го пренесуваа неговиот говор, првите проектили веќе паѓаа врз најголемите украински градови. Киев, Мариупол, и Одеса се само дел од местата каде гранатите направија огромни штети, а голем дел од граѓаните засолниште бараа и во подземните метро станици.

„Никогаш не сум ни помислила дека вакво нешто може да се случи. Никогаш не сум мислеа дека ова може да се случи додека сме живи.“

За сега нема официјални бројки на загинати и повредени иако и двете страни излегуваат со различни бројки. Украина тврди дека има повеќе десетици загинати руски војници и урати авиони, официјална Москва пак известува за сосема спротивното, дека десетици украинци и бројна воена опрема се уништени во борбите. Украинскиот претседател Зеленски нападот го спореди со тој на нацистичка Германија за време на втората светска војна.

„Русија жестоко ја нападна нашата држава рано утринава, исто како фашистичка Германија за време на Втората светска војна. Од денеска нашите држави се на различни страни од светската историја. “

Руските трупи во меѓувреме, се на десетина километри од центарот на Киев, а веста за тоа ја пренес дури и реномираниот СНН.

„Ние сме тука на „Антонов“ аеродромот, кој е на 25 километри од центарот на Киев. Овие војници кои ги гледате тука, се руски воздухопловни сили, тие го заземаа овој аеродром, ни дозволија да дојдеме тука и да бидеме со нив додека го бранат пеериметарот на оваа воздушна база тука каде овие трупи слетаа во раните часови за да го заземат и да создадат воздушен мост за нови трупи.“

Со инвазијата, илјадници украинци ги преплавија патиштата на земјата, напуштајќи ги своите домови кон сигурност во западниот дел на државата.

„Заминувам, се евакуираме. / нема да останете да чекате и да видите што ќе се случи? / Не! /“

Осуда за руската инвазија стигна и од генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.

„Мирот на нашиот континент е скршен. Сега имаме војна во Европа во размери и во вид кој мислевме дека припаѓа во историјата. / Ова е страшен момент за безбедноста во Европа. Рускиот неоправдан и без провокации напад врз Украина загрозува илјадници животи. “

Остри критики пристигнаа и од генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш кој повика на разум и мир. Британскиот премиер Борис Џонсон инвазијата ја нарече катастрофа за континентот, францускиот Претседател Макрон пак, повика на дееескалација и го свика советот за национална безбедност, а германскиот канцелар Шолц со порака дека станува збор за Инвазија на Путин со која оцени дека рускиот претседател направил голема грешка.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.