HomeАктуелноМЛАДИТЕ БРАЧНИ ПАРОВИ ЌЕ ДОБИЈАТ СТАНОВИ 20% ПОЕВТИНО: Кој ќе има право и како ќе функционира мерката?

МЛАДИТЕ БРАЧНИ ПАРОВИ ЌЕ ДОБИЈАТ СТАНОВИ 20% ПОЕВТИНО: Кој ќе има право и како ќе функционира мерката?

Младите брачни парови до 35 години би можеле да купуваат станови по цена најмалку 20 проценти пониска од пазарната. Владата најави нова мерка со која планира да им го олесни решавањето на станбеното прашање на младите семејства.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според најавениот модел, најмалку 10 проценти од станбената површина во новоизградените станбени објекти ќе мора да биде наменета за млади брачни парови до 35 години.

Ова ќе претставува законска обврска за градежните компании, а исполнувањето на условот ќе биде поврзано со добивањето дозвола за градба.

Колку ќе бидат поевтини становите?

Цената на становите наменети за младите ќе биде најмалку 20 проценти пониска од просечната цена на становите во соодветната катастарска општина за претходната календарска година.

Тоа значи дека нема да се споредува само со цените што инвеститорите ги истакнуваат во огласите, туку со просечните цени утврдени врз основа на реализираните купопродажни договори.

Премиерот најави и утврдување горен праг на цената за овие станови.

Кој ќе може да ја користи мерката?

Според досегашната најава, мерката е наменета за:

  • Млади брачни парови до 35 години.
  • Купување стан во новоизградени станбени објекти.
  • Најмалку 10 проценти од станбената површина ќе биде резервирана за оваа категорија купувачи.

Дополнително, за младите брачни парови до 35 години кои ќе одлучат да градат сопствена куќа се најавува целосно ослободување од комуналии кон општините.

Кога ќе почне да важи мерката?

За спроведување на мерката потребно е донесување законско решение. Засега не се објавени конечните критериуми за аплицирање, распределба на становите и роковите за почеток на реализацијата.

Според најавите, законот нема да се применува ретроактивно на веќе изградени станбени објекти.

Мерката доаѓа во период кога цените на недвижностите претставуваат сериозен предизвик за младите кои сакаат да обезбедат сопствен дом.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.