HomeАктуелноДобра вест од Македонија: Реткиот балкански рис се враќа – нови две единки на Шара!

Добра вест од Македонија: Реткиот балкански рис се враќа – нови две единки на Шара!

Националниот парк Шар Планина бележи охрабрувачки резултати во заштитата на дивиот свет – популацијата на балканскиот рис е зголемена со уште две нови единки.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Со ова, бројот на оваа исклучително ретка и загрозена животинска врста на територијата на паркот се искачи од три на вкупно пет рисови, што претставува значаен чекор кон нивно закрепнување.

Новите рисови биле регистрирани преку камерите поставени за редовен мониторинг, на подрачје во рамки на Општина Врапчиште. Според надлежните, двете единки се во добра здравствена состојба – сигнал дека условите во природата се подобруваат.

Од Паркот истакнуваат дека овој напредок е резултат на долгорочните напори за заштита на природата и дивиот свет, при што ефектите од преземените мерки стануваат сè повидливи.

Надлежните најавуваат дека ќе продолжат со активности за зачувување на биодиверзитетот и унапредување на екосистемите, со цел балканскиот рис повторно да стане стабилен жител на Шар Планина.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.