HomeАктуелноДури 240 санкции за прекршоци на пешаци во текот на вчерашниот ден, известуваат од МВР

Дури 240 санкции за прекршоци на пешаци во текот на вчерашниот ден, известуваат од МВР

Во текот на вчерашниот ден (12.02.2022) во периодот од 10.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците, при што санкционирани се 240 пешаци. Притоа 196 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 31 за минување на црвено светло…Од нив 85 на територија на СВР Скопје, 65 на територија на СВР Тетово, 29 на територија на СВР Битола,…
За време на контролата регистрирани се и 127 останати прекршоци.

-Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници, велат од МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.