HomeАктуелноДушко Заев синот на Зоран Заев стана сопственик на фирма за електрична енергија

Душко Заев синот на Зоран Заев стана сопственик на фирма за електрична енергија

Душко Заев, синот на поранешниот премиер Зоран Заев, како сопственик основаше претпријатие за производство на електрична енергија, пренесува „Фактор“.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Синот на Заев е 18-годишен тинејџер, а компанијата која ќе ја раководи го носи името Тотал Енерџи со седиште во Струмица.

Колку што е познато, фамилијата Заеви поседува бизниси во повеќе дејности, но ова е прв пат да бидат поврзани со производство на електрична енергија.

Префиксот „Тотал“ го носат уште две компании во кои стонастотен сопственик е Вице Заев, братот на поранешниот премиер, а тоа се Тотал инженеринг и Тотал електрик. Најпозната компанија на Заеви е Тргопродукт и фирмата-ќерка Мамас.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.