HomeАктуелноЕве на кој начин може да се вратите во Македонија, доколку сте во странство со стар пасош

Еве на кој начин може да се вратите во Македонија, доколку сте во странство со стар пасош

Граѓаните кои што се затекнати во странство по 12 февруари а се со стари патни исправи, ќе можат да се вратат во државава со патен лист кој се издава во дипломатско-конзуларните претставништва, информира на денешниот брифинг со новинарите шефот на дипломатијата Бујар Османи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Османи кажа дека нема простор за паника кај граѓаните, ДКП-ата ќе работат во повеќе смени, додавајќи дека најголем наплив за барања на патни листови има во Германија.

-Таму има и две нови мобилни станици за издавање патни исправи. Најголем е напливот во Бон, каде се издадени над 6000 патни листови. Потоа во Берн, Берлин, Минхен, Венеција, Рим и Љубљана, рече Османи.

Османи кажа дека во државите каде немаме ДКП-а, односно во Африка каде што има само во Каиро, се работи на е-конзулат и патните листови ќе бидат праќани по пошта.

На 12 февруари истекува транзициониот рок од Преспанскиот договор, член 6. Османи вели дека има јасна политичка волја и од Северна Македонија и од Грција за продолжување со целосна имплементација на договорот од Преспа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.