Европа е на удар од циклонот Борис.
Во Австрија граѓаните се подготвуваат со вреќи со песок, во Чешка се испразнети резервоарите за вода, а во Полска се очекуваат поплави, додека метеоролозите предупредуваа со денови на потенцијално катастрофални врнежи.
Времето денес во Македонија ќе биде посвежо, преку денот променливо облачно со локални врнежи од дожд особено во западните и северните делови.
Ќе дува умерен ветер од западен до југозападен правец кој претежно во југозападните делови од земјата ќе е силен (над 70 км/час).
Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во наредните денови следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Температурите во следниот период ќе се задржат пониски, а кон средината на неделата наместа се очекуваат и пообилни врнежи
