HomeАктуелноЕкономските санкции не го исплашија Путин, ама кај Русите предизвикаа вознемиреност

Економските санкции не го исплашија Путин, ама кај Русите предизвикаа вознемиреност

Паника на руските берзи по најавените санкции од Запад. Централната банка го запре тргувањето на Московската берза, по драматичниот пад на рубљата. Загуби една третина од својата вредност, што е на историски минумум. Граѓаните во паника по најавите за исклучување од СВИФТ системот, брзаат да ги извадат своите заштеди од банкомат. Централната банка, во обид да го стабилизира финансискиот пазар, ја зголеми референтната камата двојно, односно од 9,5 на 20% и им забрани на брокерите да работат со нерезиденти. Светот стравува- војната ќе генерира уште поголема криза  од ковид пандемијата. Последиците ќе бидат сериозни, како за Европа, така и за земјите од Западен Балкан Експерите  алрамираат – владите брзо да реагираат, затоа што цените на храната и енергенсите ќе растат, ланецот на трговија ќе се наруши, извозот од Русија нема да постои, инвестициите ќе се намалуваат, голем  дел од помалите банки ќе страдаат. Тоа ќе ја подгрее инфлацијата, која според еконоскиот експерт Јованович, кај нас годинава речиси двојно ќе се зголеми.

Од сегашните 3,5% јас мислам дека ќе порасне на 5%. Во март и април може да се зголеми на9 ,10 %, но после ќе се стабилизира и ќе достигне 5 отсто на годишно ниво, изјави Бранимир Јовановиќ, универзитетски професор.

Пари во светот ќе има се помалку, а ќе бидат и скапи. Случувањата ќе предизвикаат пораст на  каматите на меѓународните пазари. Од Народната  банка пак, смируваат. Велат  дека внимателно ја следат состојбата., заштитните механизми се соодветни, девизните ререзви- во  сигурна зона и обезбедуваат доволна девизна ликвидност и стабилност на домашната валута. Учесниците на Регуоналниот Форум во организација на Македонскиот Центар за меѓународна соработка бараат да се смени и системот на социјална заштита  и помош да има и за оние кои останеле без работа, но и за младите кои сакаат да се вработат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.