Познатиот активист и јутјубер од Охрид, познат по своето уметничко име Вик Какаротски, доцна синоќа на својот YouTube канал го промовираше како што вели тој „Ексклузивното видео“ се работи за интервју со Еврејската група „Лев Тахор“.
Тој пред да го објави своето видео на својот фб профил повика на смиреност и апелираше да се остават како што тој ги нарекуваше, туристите пристојно да го поминат својот престој.
Меѓудругото, Припадници на еврејската група Лев Тахор станаа нови жители на Горно Лакочереј, охридско откако сопственикот на познат хотел ги отвори вратите за овие гости, кои беа протерувани и мака мачеа да најдат соодветно сместување во Скопје, кога никој од сопствениците на хотелите не сакаше да ги прими.
За потсетување групата со силни притисоци изминатата недела беше протерана и од Куманово, од локацијата на која прв пат се пријавија.
Жителите на ова охридско село веднаш штом ги виделе, велат оваа група треба да си замине од селото. Тие веќе се организираат да протестираат.
Интересно е тоа што оваа група се сместува во рурални средини, а неразбирливо е зошто кога не се прифатени од средината упорно остануваат, прашуваат жителите.
Инаку групата не наиде на топол пречек ниту во Босна и Херцеговина (БиХ), од која заминале неодамна.
Од МВР уведуваат дека оваа група е со легален престој и привремено престојуваат во државава.
Во групата од 38 члена, како што претходно информираа од кумановската полиција, има американски, канадски, белгиски и граѓани од Јужна Америка, кои како што посочија, имаат легални патни исправи односно документи и имаат одобрен престој во земјава.
Од разговорот со жителите на ова охридко село се покажува дека истите не се откажале од протести,
Цело село е вознемирено. За првпат во мојот живот јас го гледам селото толку вознемирено и уплашено. Бараме начин како групата да се исели од селото. Ние ниту сакаме да ги малтретираме, ниту да ги навредуваме само бараме дислокација. Сакаме само да заминат оттука. Читаме дека оваа група не е пожелна никаде и поради тоа не сакаме да биде присутна и тука. Нив ги бие некој глас, викаат дека киднапирале деца иако ние тоа не можеме да го тврдиме, но од тие причини страв постои. Не случајно е избрано ова село кое е чисто православно со 5 цркви, се нарушува и имиџот на градот – вели Илче Настоски, жител на селото Горно Лакочереј.
Сведоци биле кога групата со полициска придружба пристигнала во селото и побараа надлежните итно да ги дислоцираат.
Пристигнаа со автобус. Ги видовме кога се истовараа со автобус на „Делфина турс“. Со придружба на полициска кола и полициски службеници. Се истовараа куфери. Беа со мали деца до 10 години. Низ селото не шетаат, не се излезени сместени се во хотелот. Не знаеме зошто се тука и доколку не заминат ќе излеземе на масовни протести. Цело село и пошироко засегнат е и градот, не само Лакочереј засегнат е цел град. Ги избркаа од Куманово, од Тетово ги дислоцираа по информации слушнавме требало да одат „Два Бисера“, но им било скапо. Ќе се организираме со протести но без физички пресметки – вели Настоски.
Инаку, во текот на вчерашниот ден охриѓанка заработи кривична пријава, преку недоличен коментар за еврејската група предизвикала ширење на расистички и ксенофобичен материјал.
Како што информираат од СВР Охрид, станува збор за извршен службен разговор во СВР Охрид со 38 годишна Охриѓанка, која во текот на вчерашниот ден на социјалната мрежа Фејсбук поставила содржина со која извршила кривично дело „Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“ казниво по член 394-г од КЗ. При разговорот таа изјавила дека во текот на вчерашниот ден ја поставила содржината, а денеска самата ја избришала. По целосно документирање на случајот до ОЈО Охрид ќе биде поднесена кривична пријава по член 394-г од КЗ.