HomeАктуелноЕксплозија ги вознемири жителите на Загреб по пад на летечки објект | ВИДЕО

Експлозија ги вознемири жителите на Загреб по пад на летечки објект | ВИДЕО

Силен тресок синоќа нешто по 23 часот се слушна во Загреб, а хрватските медиуми јавуваат дека на земјата е видлив голем кратер и дека очигледно нешто удрило во земјата и експлодирало. Според Индекс.хр, повикувајќи се на добро упатени извори, според досега собраните информации од надлежните служби, на загрепски Јарун паднал дрон. Пронајдени се два падобрана.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Полициската управа на Загреб соопшти дека добила повеќе пријави од граѓани дека почувствувале детонација во поширокото подрачје на Јарун. Местото го обезбедува полицијата и во тек е истрага.

Полицијата засега нема пријави за повредени на поширокото подрачје на местото на инцидентот. Оштетени се неколку паркирани возила.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.