Влатко Стефаноски (1976-2026). Со тивка болка и длабока почит, Кичево се простува од човекот кој зад себе остави трага што не бледнее, роден на 25 мај 1976 година, со срце врзано за град Кичево.
За многумина беше пријател, соборец, визионер. За градот урбана легенда.
Кичево и кичевчани со тага и неверување се простуваат од Влатко Стефаноски, познат музичар и препознатливо име во нашите кулоари.
Зад себе остави белег меѓу љубителите на музиката во Кичево и пошироко. Неговото прерано заминување предизвика бројни реакции и пораки на сочувство од пријатели, колеги, сограѓани и познаници.
Се огласи и Македонскиот музичар Спасен Силјаноски само што се огласи преку социјалните мрежи и се опрости од познатиот музичар Влатко Стефаноски.
-Изгубивме човек, брат, другар и колега, без кого тешко можевме да го замислиме денот. Човек кој беше поим за другарство, за човечност и за искреност. Човек чие присуство се чувствуваше, а чие отсуство од денес ќе се чувствува уште повеќе.
Останува празнина што тешко се опишува со зборови, но и спомен на едно големо пријателство и на човек кој остави трага кај сите што го познаваа.
Изгубивме многу повеќе од другар. Изгубивме еден од нас.
Вечен спомен.
