По повод големиот верски празник Успение на Пресвета Богородица на 28.08.2026 г. (петок), Општина Охрид организира превоз до с. Скребатно каде е големиот верски храм посветен на Успение на Пресвета Богородица.
Тргнувањето е во 08:30 часот од автобуската постојка кај пекарата „Мартина“ на булевар „Туристичка“ и од сред село во Лескоец во 9:30 часот.
Тргнувањето за назад е во 16:30 часот.
По повод празникот кај црквата посветена на Богородица во Скребатно традиционално се одржува голем црковно народен собир на кој секоја година присуствуваат по неколку илјади верници.
