HomeАктуелноЗа три дена во Кавадарци се испиле над 27 тони вино

За три дена во Кавадарци се испиле над 27 тони вино

Градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, објави дека овогодинешниот „Тикевешки гроздобер“ би најуспешен до сега.

ТИКВЕШКИ ГРОЗДОБЕР 2024!

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За овој гроздобер уште долго ќе се зборува

❤️Кавадарци уште еднаш покажа и докажа дека е пример за тоа како треба да се биде домаќин на една манифестација од овие размери. Отсекогаш сме важеле за гостопримлив и топол народ и драго ни е што и новите генерации се воспитуваат на тој начин и што знаеме како да направиме, секој посетител на Кавадарци да се чувствува убаво и безбедно. Во Кавадарци и Македонија, но и на Балканот, Тиквешкиот гроздобер е главна тема во медиумите.

➡️Ова секако немаше да биде возможно без сите оние кои се вклучија во организацијата и кои напорно работеа месеци наназад за се да биде во совршен ред. Тука, прво се мисли на целиот тим, сите служби на Општина Кавадарци и сите институции вклучени во текот на сите три дена. Потоа на сите помагатели, поддржувачи и донатори од бизнис секторот. Винариите и угостителите кои се всушност и носители на овој настан, медиумите кои го следеа секое случување, секој настан и информираа за тоа, и секако, најголема благодарност на кавадарчани кои се покажаа не само како добри домаќини, туку и учесници, и секако благодарност до сите посетители и гости од Македонија и надвор од неа, кои викендот го поминаа во Кавадарци. Голема благодарност за присуството и на претседателката на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова, премиерот на Владата на Република Македонија, министри, амбасадори, пратеници, советници.

Најважно е тоа што сите три дена беше безбедно за секој и секаде, не е забележан ниту еден голем инцидент.

Кога станува збор за бројот на посетители, неофицијално, за сите три дена имавме над 120 000 посетители или многу повеќе од претходните години. Се зголемуваат и количините на испиено вино, кои според угостителските објекти и винариите надминуваат 27 тони, бело и црвено вино од Тиквешкиот крај. Ова се нови рекордни бројки на кои што сме особено горди.

Оваа година големо внимание привлече и големиот Тиквешки карневал , со голем број на учесници и нови, уникатни карневалски маски. Делегациите и високите гости беа воодушевени и ги испративме со позитивни впечатоци. Детското карневалско дефиле беше бајка која вклучи над 1200 дечиња кои донесоа радост и насмевки.

Имавме успешни и исполнети три дена, културни, забавни, музички содржини. Имавме програма за сечиј вкус. Успешен карневал, гости и делегации од секаде, и секако од државниот врв.

❤️Го имавме најуспешниот Тиквешки гроздобер до сега!

Ваша, општина Кавадарци!

Митко Јанчев, градоначалник на Оптина Кавадарци

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.