HomeАктуелно„Збогум Буково“ со конкретни еколошки барања пред креирање на буџетот на Општина Охрид за 2027

„Збогум Буково“ со конкретни еколошки барања пред креирање на буџетот на Општина Охрид за 2027

Граѓанската иницијатива „Збогум Буково“ ќе одржи јавна дискусија во Охрид на која ќе ги презентира барањата за утврдување приоритетни мерки и обезбедување буџетски средства за заштита на животната средина во Општина Охрид за 2027 година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Меѓу барањата се итни мерки за контрола, надзор и спречување пожари на Буково; посебен буџет за проширување на селекцијата, набавка на возило и воспоставување собирен центар; оперативен протокол за постапување при зголемено загадување, со јасни мерки и одговорности; создавање нови зелени површини и дрвореди, со посебно планирани финансиски средства; подобра достапност на услугите и субвенции за чистење на оџаците, особено за социјално ранливите домаќинства, како и јасни одговорности, рокови, редовно известување и вклучување на граѓаните во носењето одлуки.

Сметаме дека е особено важно овие прашања конечно да почнат да се решаваат систематски, координирано и долгорочно, преку конкретни годишни програми, реални буџетски средства, утврдени рокови и одговорни институции. Очекуваме советниците, претставниците на локалната самоуправа и надлежните институции сериозно да ги разгледаат барањата и да ги земат предвид при подготовката на новите годишни програми и Буџетот за 2027 година, велат од  „Збогум Буково“.

Средбата ќе се одржи во четврток, 26 ноември, со почеток во 11:55 часот, во просториите на „Касарна Хаб“.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.