HomeАктуелноЗголемени водостоите на реките и на езерата

Зголемени водостоите на реките и на езерата

Водостоите на речиси сите реки во земјава се зголемени во споредба со вчера, исто како и на трите природни езера, покажуваат резултатите од последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Најголемо зголемување на нивото, речиси двојно во однос на вчера, имаат реките Треска на мерното место кај Македонски Брод, Бабуна кај Богомила и Сатеска кај Ботун. Минимално намалување на водостојот во однос на вчерашниот е забележано само кај реките Брегалница на мерното место кај Штип и Струмица кај Ново Село.

За по еден сантиметар е зголемено и нивото на Дојранското и на Преспанското Езеро во споредба со вчера, додека водостојот на Охридското Езеро е зголемен за два сантиметра.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.