HomeАктуелноЗголемени цени на билетите за меѓуградски превоз, највисока цена е картата за Охрид

Зголемени цени на билетите за меѓуградски превоз, највисока цена е картата за Охрид

Поскапе меѓуградскиот превоз.

Од денеска патниците плаќаат од 15 до 20% повисока цена, зависно од превозникот. Како причини за зголемувањето се наведуваат повисоките цени на горивата, резервните материјали, струјата и прогласувањето – недела неработен ден, каде според законот, треба да им исплатат повисоки дневници на вработените.

Секој превозник сам ја крои цената. Во моментов највисока е за Охрид, која со последното зголемување во еден правец се плаќа 680, додека повратна карта е  930 денари.

Гевгелија, со покачувањето од денеска, а билет за еден правец чини 520 денари, додека повратна карта 770 денари. Плус до Гевгелија има повеќе патарини. Но, секој превозник сам одлучува за цената. За поблиските релации, како за Куманово или Велес, цените се зголемени за 20,30 денари, изјави Масар Омерагиќ, превозник пренесува  сител. 

Граѓаните се изненадени. Без никаква најава, од денеска биле принудени да платат поскап билет.

За сега цената на меѓународниот превоз останува непроменета. Дали ќе има зголемување и за надвор од државата, ќе се знае до крајот на овој месец. Инаку превозниците неколку пати побарале помош од државата  да им се намапалат патарините или да се откаже државата кај дел од акцизата, но за сега немаат добиено  никаков одговор.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.