Земјотрес со магнитуда од 5,4 степени според Рихтеровата скала, го погоди утрово јужниот дел на Грција. Епицентарот на потресот бил меѓу Пелапонез и Крит. Грчкиот институт за геодинамика соопшти дека центарот на потресот бил на длабочина од 58 километри.
Грчките медиуми јавуваат дека земјотресот се почувствувал од Атина до Крит. Нема информации за повредени и за материјална штета.