HomeАктуелноЗемјотрес ја стресе Македонија – Еве каде се наоѓа епицентарот

Земјотрес ја стресе Македонија – Еве каде се наоѓа епицентарот

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 24.02.2023 година регистрираше земјотрес 109 km југозападно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Пештани-Охрид-Струга.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 12 часот и 19 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.3 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Струга и околината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.