Глобалната побарувачка за злато продолжи да расте во првата половина од 2026 година. Според податоците на Светскиот совет за злато, во првите шест месеци биле побарани 2.522 тони злато, што е раст од 2 отсто во однос на истиот период лани. Вкупната вредност на побарувачката достигнала околу 380 милијарди долари.
Еден од главните двигатели на пазарот останува инвестициската побарувачка. Само во периодот април-јуни, купувањето физичко злато во форма на прачки и монети достигнало 307 тони.
Значајна улога продолжуваат да имаат и централните банки, кои во вториот квартал купиле 289 тони злато.
Поинаква слика има кај златните ETF-фондови. Во текот на вториот квартал, количината на злато што ја поседуваат овие фондови се намалила за 45 тони, иако неговата вкупна вредност достигнала околу 530 милијарди долари.
Во меѓувреме, цената на златото повторно бележи силен раст. Во јули се движеше околу 4.027 долари за унца, додека во август се зголеми за повеќе од 200 долари, достигнувајќи околу 4.260-4.270 долари за унца.
Иако златото во последниот период повторно поскапе, неговата цена е пониска во однос на максимумите од почетокот на годината. Во последните шест месеци забележан е пад од околу 15 до 16 отсто.
Сепак, долгорочниот раст останува впечатлив. Во споредба со август минатата година, златото е поскапо за речиси 25 отсто, додека во последните пет години неговата цена пораснала за околу 146 отсто.
