Движење ЗНАМ – За наша Македонија е политички субјект кој во фокусот на своето работење го има интересот на граѓаните и државата и доброто на македонскиот народ, што граѓаните го препознаа.
Гледаме како СДСМ кој изгубен по катастрофалниот пораз на парламентарните избори во мај годинава, се наоѓа во слободен пад кон амбисот…
СДСМ со својот денешен памфлет до јавноста, во кој го напаѓаат министерот за јавна администрација, Горан Минчев и Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, потврдуваат дека не разбираат што е држава, државна политика и градење стратегии во интерес на државата и доброто на граѓаните и се таму каде што им е местото, во опозиција.
Имено, ЗНАМ сака да ја подучи СДСМ дека Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план, не се сопственост на ниту една политичка партија, туку се усогласени со потребите на државата и приоритетите за напредок на Република Македонија на патот кон Европската Унија.
Министерот Минчев со денешната прес конференција покажа дека тој, како министер од редовите на ЗНАМ, како коалициски партнер во Владата на Република Македонија, својата должност кон граѓаните ја извршува максимално одговорно и посветено и нуди решенија кои долгорочно ќе придонесат за подобрување на работата на јавната администрација и квалитетот на услугите што таа треба да им ги испорача на граѓаните.
Движење ЗНАМ – За наша Македонија, го потсетува СДСМ дека во изминатите години безгласна буква беше токму тој во владата во која премиерот беше од неговите редови, а всушност владееше ДУИ.
СДСМ не беше способно да спроведе ниту една политика, ниту една одлука што не му се допаѓаше на ДУИ.
Владеењето на СДСМ ја донесе Македонија на колена, понижена и без достоинство.
За се’ мораше да добијат одобрување од нивниот поголем владин партнер ДУИ, односно од Ахмети.
Резултатите од изборите покажаа дека граѓаните не сакаат да ги води СДСМ владеано од ДУИ, туку политички субјекти кои пред се’ и над се’ ги имаат интересите на граѓаните, на државата и на македонскиот народ во целина.
Нивните самобендисани политики доведоа Македонците да се чувствуваат како гости во сопствената држава и граѓани од втор ред.
СДСМ заедно со ДУИ го злоупотребија балансерот до максимум и ја доведоа јавната админситрација во незавидна положба во која има луѓе, но нема квалитетни кадри, за што се изјасни и Европската комисија.
Движење ЗНАМ – За наша Македонија смета дека решенијата за осетливи прашања, загарантирани со Уставот бараат одговорен и експертски пристап, ослободен од политички влијанија.
Дневната политика мора да биде надвор од овие процес.
Токму затоа и работната група што ќе работи на новото законско решение за ова прашање треба да е составена од експерти, а текстот на законот да се испрати на увид до Венецијанската комисија, за да се осигура усогласеност со европските стандарди, но и правната рамка на државата.
Движење ЗНАМ – За наша Македонија потенцира дека секој обид за манипулација на јавноста со неосновани обвинувања е контрапродуктивен и на штета на граѓаните и државата.
СДСМ уште еднаш потврди дека партијата која некогаш се прикажуваше за државотворна е замината во историјата.
Наместо да се грижат за реформите во јавната администрација им порачуваме повеќе внимание да си посветат за реформите во својата приватна групировка која се нарекува партија.
Сите можевме да видиме дека реформските процеси успешно ги започнаа од прекуграничниот огранок во Дубаи.
Им порачуваме доколку не можат да соберат кворум за одржување на седница на ЦО, да го кооптираат Харис Џиновиќ, тој сигурно ќе им дојде, под услов да му платат.
Сектор за односи со јавноста