Со срце полно љубов и насмевка што зборува повеќе од илјада зборови, македонската поп пејачка Ивона Јовановиќ – Ивона Јо сподели еден од најсреќните моменти во својот живот.
На видео што ја разнежни јавноста, Ивона го покажа прстенот што засекогаш ќе го обележи нејзиното „да“ – искрено, емоционално и полно со љубов.
Под видеото, Ивона напиша и порака која дополнително ги допре срцата на нејзините следбеници:
-Со Неговата благодат, го започнуваме нашето патување. Моето најлесно ‘да’, вели Ивона.
Омилената македонска поп ѕвезда, која со години ја освојува публиката со својот глас, харизма и искреност, сега блеска и на приватен план. Ова „да“ не е само почеток на ново поглавје, туку и доказ дека вистинската љубов постои – тивка, силна и вечна.
Ивона Јо зрачи со среќа, а нејзината радост се пренесува на сите што ја следат. Љубовта ѝ стои прекрасно, а прстенот е симбол на една бајка што штотуку започнува.
