Во вторник од 11ч до 14ч ќе се изврши минирање на патот во изградба Кичево – Охрид на делот Пресека – Песочан, информираат од АМСМ.
Инаку, сообраќајот на државните патишта се одвивa непречено по претежно суви коловози. Од АМСМ препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.