На 07.12.2024 година во 21.20 часот, во ОВР Струга е донесено малолетно лице кое претходно, се изгубило. Малолетникот, од страна на случаен минувач бил забележан на кеј „Борис Кидрич” во Струга, по што бил однесен во полициска станица и по преземените мерки, истиот е предаден на неговите родители.
На 07.12.2024 во 16 часот, во ОВР Струга е пријавено дека во стан на улицата „Владо Малески” во Струга, настанал пожар. Повредени лица нема, а увид изврши увидна екипа од ОВР Струга.
На 07.12.2024 во 05.30 часот, во полициското одделение во струшкото село Велешта, пријавено е дека во угостителски објект сопственост на Р.Н.(47) од истото село, настанал пожар. Повредени лица нема. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Струга, а увид на местото извршија полициски екипи.
