HomeАктуелноИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „ОХРИДСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО КНИЖЕВНАТА КРИТИКА“

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ КНИГАТА „ОХРИДСКИТЕ ПИСАТЕЛИ ВО КНИЖЕВНАТА КРИТИКА“

Во издание на општина Охрид, деновиве од печат излезе книгата „Охридските писатели во книжевната критика“, што ја приредија авторите Димитар Пандев и Славе Ѓорѓо Димоски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Оваа книга е единаесетто издание на едицијата „Охридско книжевно наследство“ и опфаќа избор на дневно-публицистичка и популаризаторска критика за охридските писатели. Во неа се нагласува високото место на писателите од охридскиот крај во македонската книжевност. Книгата има 298 страници и е објавена во тираж од 200 некомерцијални примероци.

Промоцијата на изданието „Охридските писатели во книжевната критика“ ќе се одржи во рамки на годинешното издание на Прличевите беседи, на 6.02.2025 (четврток) со почеток во 11:30 часот во Спомен куќата на Григор Прличев. Промотор на книгата ќе биде Бранко Цветкоски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.