HomeАктуелноИзменет режим на сообраќај поради градежни работи на „Македонски Просветители“

Изменет режим на сообраќај поради градежни работи на „Македонски Просветители“

Поради изведување градежни работи на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, СВР Охрид информира дека во наредниов период на сила ќе биде изменет режим на сообраќај.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Имено, сообраќајот по булеварот „Македонски просветители“ ќе биде дозволен од пресекот со булеварот „Туристичка“ до пресекот со улицата „Димитар Влахов“, од каде во двонасочен правец ќе се одвива до пресекот со улицата „Новопректирана“. Сообраќајот по „Новопроектирана“ ќе биде еднонасочен до пресекот со улицата „Партизанска“, велат од СВР.

Упатуваат апел до возачите на моторни возила и другите учесници во сообраќајот да се придржуваат до сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, која веќе е поставена на посочените коловози и да се придржуваат до насоките на полициските службеници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.