HomeАктуелноИПА Охрид донираше пакети со храна на 33 социјално загрозени семејства од Охрид.

ИПА Охрид донираше пакети со храна на 33 социјално загрозени семејства од Охрид.

Грижата за луѓето, за нашите сограѓани, треба да биде обврска на сите нас. Горди што членовите на ИПА Охрид, беа единствени да ја реализираат оваа хуманитарна активност и на 33 семејства од Охрид, да им донираме социјален пакет со прехрамбени производи и да им покажеме дека сме со нив. Ќе продолжиме и во ИПА подрегионите во Струга, Кичево и Дебар и ќе помагаме, ќе служиме и ќе градиме пријателство со сите наши сограѓани. SERVO PER AMIKECO- СЛУЖИМЕ НИЗ ПРИЈАТЕЛСТВО. – велат од ИПА Охрид.

Хуманитарната акција е како дел од програмските цели и определби на Интернационалната полициска асоцијација, беше реализирана со помош на Општинската организација на Црвениот крст од Охрид.

 

 

Извор: ИПА Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.