
Уште една несреќа во која настрадал пешак се случила денеска во Скопје, додека траеше протестот поради смртта на 22-годишната Фросина Кулакова, која беше прегазена на булеварот „Партизански Одреди“.
Според полицијата, во 13:54 часот во СВР Скопје е пријавено дека на булеварот „Кузман Јосифоски-Питу“ во Скопје автомобил удрил во маж и веднаш потоа избегал од местото.
Повредениот пешак е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Полициски службеници од СВР Скопје преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот, информираат од МВР.