На 26.12.2021 во 16.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Т.Д.(55) од Куманово, затоа што кај него биле пронајдени и одземени неколку кутии со различни видови пиротехнички средства, велат од МВР.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.